Солени стапчиња со кикири
Прво,квасецот се става во 100мл.млеко заедно со шеќерот и малку брашно.Се остава да нарасне.Се додава во брашното па заедно со млакото млеко,маслото,јајцето и солта се замесува тесто.
Додека тестото се одмара,се мелат кикирите и се осолуваат по желба.
Тестото се дели на две јуфки и секоја се расукува во правоаголна кора.Корите се премачкуваат со омекнатиот маргарин и рамномерно се посипуваат мелените кикири.(Оставете на страна малку од маргаринот,ќе ви послужи за премачкување).
Кората се преклопува на 3 дела,прво десната третина оди врз средната,а потоа со левата третина се преклопува се.Така ќе добиете еден тесен но долг правоаголник.Се сечат траки со ширина од 2 см. и секоја трака се врти во спирала.Се редат во плех,на хартија за печење.Се премачкуваат со преостанатиот маргарин и се остава да одморат уште меколку минути.
Се печат на 200 степени додека убаво не заруменат.
Лиценца: Сите права се задржани