Едноставен и вкусен оброк или мезе за гости.
Од сите состојки се прави тестото за палчинки. Палачинките се печат во поголема тава(бр.24).Од оваа смеса излегуваат 10 големи палачинки.
На секоја палачинка на средината се ставаат по 2 парчиња шунка, рендан кашкавал и сецкани кисели краставички. Ги преклопуваме палачинките од страните(за да не излегува полнењето при пржењето) и замотуваме ролат.
Белката ја матиме со миксер во пена. Секоја палачинка замотана во ролат ја ставаме прво во белката и потоа во презла. Палачинките ги оставаме малку во фрижидер околу 10 минути.
Ги пржиме во загреан зејтин, вртејки ги од сите страни.
Бидејки се големи можат да се служат и сечени (секоја палачинка на неколку дела) или да се служат како самостоен оброк.Тоа оставам на Вас.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови