
8
јан
2021
Снежни кокос елки со фил од ореви и бисквити
Вкусни, декоративни елки
Подготовка
1. Во сад измешајте го пудингот со шеќерот и водата.
2. Во сад на тивок оган ставете го кокосовото млеко и кокосовото масло да зовријат, па додадете го разматениот пудинг и мешајте со лажица до згуснување. Потоа, тргнете го садот од оган и овде додадете го кокосот. Промешајте.
3. Во сад ставете ги мелените бисквити и ореви, кокосовото млеко, путерот и шеќерот во прав. Убаво промешајте.
4. Од смесата со ореви и бисквити формирајте мали конуси, а потоа одозгора ставете од кокос филот и формирајте елки. Одозгора поросете со кокос.
Декорирајте по желба
На здравје
Забелешка
Декорацијата е направена со малку од пудингот и прехрамбена боја.
Лиценца: Сите права се задржани