Оризот убаво измијте го во повеќе води и оставете убаво да се исцеди.
Ставете го во едно тенџере, додадете водата и солта, поклопете со капак и ставете да се вари на најјака температура. Откако убаво ќе зоврие, исклучете ја ринглата и осатвете го така оризот на топла рингла да стои 20 минути.
Префрлете го во длабок сад и внимателно со вилушка промешајте за зрната да се одвојат едно од друго.
Шеќерот и сокот од лимета ставете да се загрее на шпорет додека да се стопи шеќерот. Оставете малку да се излади па со ова попрскајте го млакиот ориз. Убаво и внимателно промешајте и оставете оризот целосно да се излади.
За тоа време сусамот испржете го на сува тава, нергите исечете ги на четвртинки или доколку користите киви исечете го на долги тенки парчиња, портокалот филетирајте го.
Од компотот извадете неколку лажици од овошјето и 1-2 лажици од течноста. Сето ова заедно изблендирајте го, по потреба додадете шеќер.
На работната маса ставете една кујнска крпа па врз неа стреч фолија. На фолијата ставете половина од оризот и со влажни раце распоредете го во тенок правоаголник. На пошироката страна ставете ги портокалите во еден ред и со помош на фолијата замотајте во цврст ролат. Стегнете убаво со фолијата и ставете во фрижидер да отстои барем половина час. Истото повторете го и со другата половина на ориз, само сега редете го кивито.
Одмотајте од фолија и извалкајте во сусам. Сечете парчиња со остар нож. Ножот натопете го со вода пред секое сечење.
Послужете со сосот од компот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани