Слатко од миризливи јагоди
На пазарот има домашни, многу миризливи, мали јагоди.
Па еве нека се најде некое тегле слатко од јагоди, за декорација на сладолед, колач....
Прво јагодите убаво ги миеме и им ги одстрануваме дршките.
Ги остаавме во цедалка да се исцедат.
земаме пошироко тенџере, за да ги наредиме јагодите во еден ред.
Ги посипуваме со шеќер и многу малку лимонтус и ги оставаме така да одстојат 5-6 часа.
Потоа тенџерето го ставаме на многу тивок оган,околу 10 минути, да почне да се топи шеќерот, а потоа појачуваме малку.
Готвиме на средна температура, без мешање, само со протресување на тенџерето.
При тоа ја одстрануваме пената.
На чиста мала тацна ја проверуваме густината.
Готвев 30 минути.
Потоа слаткото го покриваме со влажна, чиста крпа.
Оставаме неколку часа.
Го собираме во мали чисти теглички.
Лиценца: Сите права се задржани
Прати една тегла...
Poveliii
Epten Se pogodi
Nitu Edna jagoda ne Se rasturi