21
фев
2017
Палачинки полнети со лешник крем и банани
За палачинки:
Палачинките ги приготвувавме на стандарден начин. Ги мешаме сите состојки и ги печеме на тавче.
За фил:
Во касерола на тивко оган ги ставаме млекото, шеќерот, пудингот и ги вариме додека не згуснат. Веднаш ја тргаме смесата и го додавам чоко лешник кремот. Промешуваме енергично да се изедначи смесата. Ги додаваме мелените лешници и бананите на кои сме капнале малку лимон за да не потемнат.
На секоја палачинка ставаме по една лажица фил, краевите ги виткаме навнатре и ги замотуваме.
Ги редиме на чинија се послужување, ги попрскуваме со топено чоколадо и наросуваме крупно мелени лешници.