Припрема:
Во еден сад на тивок оган правиме пудинг(млеко, шекер и пудиг).Кога ке биде готов пудингот, го тргаме на страна и веднаш додаваме нутела или линолада и лешници. Мешаме да се соединат состојките. Потоа додаваме банани на кои претходно сме ставиле неколку капки лимунов сок. Мешаме повторно да се соедини филот. На секоја палачинка ставаме по една лажица фил и ја мотаме како сарма. Сервираме со чоколаден прелив и лешници.