19
мар
2012
Селско месо
1. Месото се сече на поголеми коцки и се става во вода да се вари, се додава една лажица сол и така се вари околу еден час додека да испари водата.
2. Потоа се додава маслото виното и се пржи се додека не испари виното, да порумени месото.
3. Се вади месото од тенџерето и во истото мрсно се пржи крупно исецканиот кромид се додека не порумени.
4. Во земјена тава се става пржениот кромид и сувите пиперки претходно измиени и исчистени од семето сечени на помали парчиња, се додаваат зачините се реди месото во тавата и се печи 15 до 20 мин во загреана рерна на 200 степени.
5. Се додава ренданиот кашкавал и се печи уште 1 до 2 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови