Селска пита
Ова јадење е толку вкусно и кремасто, едноставно ќе уживате во него. Името пита не знам од кај го добило, не ми личи на пита, ама немав време да му смислувам ново.
Компирите се лупат и се сечат на коцки и се ставаат во сад со солена вода и се варат додека не омекнат.
Додека компирите се варат, се прави месото
Кромидот, морковот и лукот ситно се сечкаат и на кратко се пропржуваат на масло. Се додава месото,печурките и зачините. Се динста 10-ина минути и се посипува со брашно. Се меша внимателно, да не се направат грутки од брашното. Врз месото се налева веќе подготвената супа од коцка и доматното пире. Се динста уште 10-15 минути или додека не се добие убава кремаста густа смеса.
Целата смеса се префла во намастен сад за печење.
Сварените компири се цедат, им се додава маргарин и млеко и се гмечат додека не се добие пире. Со пирето се покрива месото.
Се пече во загреана рерна на 200⁰С околу 30 мин. Пред карај на печењето, врз пирето се ренда кашкавалот и повторно се враќа во рерна додека не добие крцкава златна коричка.
Кога ќе се испече, се остава да се излади 15-ина минути и после се сече
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови