Свински коленици (без коски) во рерна
Свинските коленици кои ги подготвив беа купени со отстранети коски.
Подготовка
1. Свинските коленици ги ставаме во тенџере со вода да зовријат, ја чистиме сета пења која ќе ја испуштат. Ја истураме првата вода, ставаме нова вода и ги вариме околу 1 час. Втората водата не ја истураме, ја тргаме на страна.
2. Во тавче ги редиме кромидчињата сечени на кругови, полеваме со масло и сув зачин, ги ставаме подварените коленици, тураме малку од варената вода, ставаме фолија и тавчето го ставаме во рерна околу 30 минути на 200 степени.
3. Потоа го вадиме тавчето од рерна, ги распоредуваме компирите и морковите сечкани на кругови, сечканото лукче, ставаме сув зачин врз нив и врз колениците, тураме уште малку од варената вода и повторно со фолија на тавчето продолжуваме со печење.
4. Печеме од прилика уште 1 час на истата температура, а потоа ја вадиме фолијата и оставаме да се потпечи одозгора колку што е потребно додека да зарумени.
Лиценца: Сите права се задржани