Свежите шампињони се динстаат во нелеплива тава (се одбираат поситни шампињони).
Шницлите од свински врат се посолуваат, се посипуваат со мелен бибер и се премачкуваат од двете страни со сенф. По желба може да се зголеми количината на сенф.
Во пекач Делимано се реди свинскиот врат и од горе се редат шампињоните. Се прелева со вода до висина на шампињоните. Се затвора со капакот и се става да се пече во претходно заграна рерна на 200 Ц. Се пече 2 часа во зависност од јачиата на рената.
За време на печењето доколку има потреба може да се додаде водичка. Кога ќе биде готово се посипува со ситно сецкан магодонос

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови