Прекрасен и најубав ручек за овој период, со убава свежа зелка и вкусно пушено царско месо.

Во загреано длабоко тенџере, се загрева масло и се става месото малце да се пропржи. Потоа се додава кромид сецкан, пиперка и морков. Сето тоа се пропржува. Сецканата зелка на коцки се додава и се меша да се соедини со другите состојки. Доматот исецкан на коцки се додава и повторно се меша. 2 ливчиња ловоров лист, оцет и зачини се додаваат повторно се меша и се остава да се крчка на тивко. Одприлика 1 час се динста.
Ако зелката е свежа, тогаш таа пушта вода и убаво се вари, ако е посува, тогаш додадете 1 чаша вода.
Се загрева масло во тавче и 1 лажичка црвен пипер и се додава врз зелката. Се додава и сецкан магдонос. Се промешува и се трга од оган.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови