Салата од црвен грав и тестенини
Салатава едноставно не' воодушеви со својот колорит и прекрасен вкус.
Пробајте ја.
Прво во касерола го ставаме исчистениот, измиен грав.
Налеваме вода и оставаме така да одстои 8-10 часа.
Потоа водата ја процедуваме, налеваме чиста вода, додаваме мало ливче ловоров лист, мајчина душичка, лажица масло, малку бибер и малку сол.
Вариме на тивок оган додека убаво не се свари гравот.
Потоа само го процедуваме и оставаме да се излади.
На страна ги сецкаме на танки резанки црвениот кромид, црвениот домат, на кој му е исчистено семето, обескостените маслинки.
Во мала касерола ги вариме во вода и сол, според упатството ситните , школки тестенини.
Сварени ги процедуваме и оставаме да се изладат.
Во еден сад ги соединуваме тестенините, гравот, црвениот домат, маслинките, кромидот и магдоносот.
Промешуваме.
Во мал сад ги соединуваме пестото, додаваме малку маслиново масло, сок од лимон и малку бибер.
Го промешуваме преливот и го ставаме во садот со претходно споените состојки.
Соединуваме убаво и сервираме во стаклен сад.
Јас на половина количина на салатата и ставив и една кисела павлака.
Соединив убаво и сервирав.
И двете верзии на оваа салата беа одлични.
Лиценца: Сите права се задржани