24
авг
2016
Салата од хељда и свеж зеленчук
Прво ги вариме јајцата, ги лупиме и ситно ги сецкаме. Исто го сецкаме целиот зеленчук и го оставаме на страна. Сега чиа семето го потопуваме во вода , одприлика околу 40-50 мл , за да набабари.Нека одстои 15 минути. Сега во една касерола налеваме вода, додаваме малку сол и одкога ке зоврие ја ставаме хељдата да се вари, отприлика околу 10 минути. Потоа ја ставаме во цедалка да се исцеди. Сега во еден сад ги соединуваме хељдата, јајцата, зеленчукот, чиа семето, зачинуваме со сол, бибер, маслиново масло, сок од лимон. Промешуваме сервираме (пожелно е да одстои барем 15 минути во фрижидер) и послужуваме.