Ручек од пресна зелка и димени кременадли
Денес го имавме на менито овој вкусен киселкаст ручек.
Прво во касерола се ставаат маслото и маста да се загреат.
Се ставаат пдимените кременадли да се запржат од двете страни, да го пуштат својот мирис.
Зелката се чисти од дебелите парчиња и се сецка ситно.
Врз испржените кременадли се става сецканата зелка.
Нека се динста на тивко во сопствениот сок.
Се додава излупениот и исецкан црвен домат.
Се зачинува и убаво се промешува.
Нека крчка на тивко се додека не испари течноста.
Потоа се додава црвен пипер, се промешува.
Сега во 250 мл вода се раствора лимонтусот и таа вода се додава во касеролата.
Се промешува и јадењето крчка уште 1 час на тивко.Се сервира.
На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани