Предлог како да се искористат домашни, непрскани, сочни јаболка.

Земаме две ванглички и ги делиме белките од жолчките.
Во садот со жолчки ги ставаме ванилата и шеќерот и кратко соединуваме.
Ги додаваме маслото, млекото, просеаното какао, брашното и пецивото.
Смесата убаво ја изедначуваме и ја ставаме во калап бр 24 или мала правоаголна ростер тава.
Печиме во загреана релна околу 20 минути.
За тоа време го подготвуваме белиот слој.
Во вангличка ги матиме белките, додаваме шеќер,
Со исклучен миксер додаваме сок од лимон, гриз, брашно, рендани јаболка, цимет.
Соединуваме убаво.
Се пече на 200 степени 30ина мин.
Кога веќе колачот е при крај со печеењето го вадиме од рерната на кратко и со лажица набрзина го додаваме овој јаболков фил врз колачот кој се пече.
Повторно враќаме во рерна и печиме одприлика уште 20-25 минути.
Проверуваме со стапче за ражничи дали колачот ни е готов.
Го остаавме во калапот да се подизлади 5-10 минути.
Потоа врз него прелеваме растопено млечно чоколадо.
И ако имате време почекајте барем 1 час, а ако не , како мене сечете одма и послужете.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани