Рум полжави
Предходно измиеното суво грозје прелијте го со румот.
Стопете го маргаринот и додадете го во млакото млеко.Од брашното,квасецот.шеќерот солта и едно јајце замесете тесто.Покријте и оставите на топло 30 минути.
За фил,помешајте го омекнатиот маргарин со кафеавиот шеќер,циметот и румот со кој предходно беше потопено сувото грозје.
Од тестото се сучи кора во форма на квадрат,приближно 40×30 см.Рамномерно се распоредува филот,се посипува сувото грозје и се витка.Роладот се сече на приближно 15 кругови кое се полегнуваат на предходно намастен и побрашнет плех.Оставете уште десетина минути.Премачкај те со јајце.Ставете ги во предходно загреана рерна на 200 степени и печете 8-10 минути.
За премаз,измешајте го румот и шеќерот во прав и во сосема тенок слој нанесете на оладените колачи.
Лиценца: Сите права се задржани