Подготовка:

1. Замесете убаво меко тесто од сите состојки. Тестото поделете го на два дела. Покријте го со најлонска фолија и оставете да нарасне.
2. Готовите нараснати топчиња ги расукуваме на работната маса. Едно по едно. Ја премачкуваме кората убаво со растопен маргарин. Врз маргаринот премачкуваме доматно пире или кечап, кој што му е омилено. Наросуваме оригано.Потоа ставаме од fилот кој сме го одбрале. Јас попрскав рендана моцарела и пилешки гради. По ваш вкус можете да расфрлате и некоја маслинка.
3. Ролајте од долена горе и завиткајте еден ролат. Сечете го на парчиња чија големина ќе ја одредите сами. Редете на хартија за печење, намачкајте со разматена жолчка и попрскајте сусам. Јас ги оставив да нараснат околу 15 минути.
4. Ставете да се пече во претходно загреана рерна. Кога се печени,премачкајте ги со растопен маргарин и ги оставете ги да одморат околу 10 минути.

Нека ви се слатки, нека ви е на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови