Ровки колачиња (со варени жолчки)
Еве уште една идеја од мене за да се искористат дел од велигденските јајца, но во случајов само жолчките. Се работи за едни превкусни, ровки колачиња, чија комбинација на состојките настана исклучиво по мој избор, па можам да кажам дека ова е повеќе еден мој успешен експириментален рецепт.
Подготовка
1. Во длабок сад двете жолчки ги поминуваме преку густа цедалка и со помош на лажица ги притискаме со цел да добиеме мазна смеса од испасираните жолчки (со помош на вилушка не може да се иситнат фино како во овој случај). Ги додаваме и останатите наведени состојки, во редослед како што се напишани.
2. Замесуваме тесто, кое е глатко и мазно. Од него формираме топчиња со иста големина (јас направив 16 топчиња од по 12 гр секое). Топчињата ги редиме во плех, врз кој ставаме хартија за печење. Потоа со палецот благо ги притискаме во средишниот дел.
3. Ги ставаме да се печат во загреана рерна на 170 степени (10 минути), па намалуваме на 150 степени и допекуваме уште 10-15 минути (во зависност од тоа како пече вашата рерна). Долниот дел на колачињата е потемен, а површината останува скоро непроменета. Иако на допир додека се топли ќе ви изгледаат меки (такви и треба да бидат), но откако ќе оладат, ке си ја добијат потребната цврстина. Нека изладат, па ги послужуваме.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани