Вистинско уживање за сите сетила. Уживавме во ручекот.

Подготовка:

1. Кромидот и лукот ги чистиме и ситно сецкаме. Во вок тава го ставаме маслото, да се загрее, ги додаваме кромидот и лукот, ги пржиме додека да добијат златеста боја.
2. Оризот го миеме и цедиме. Го додаваме во вок тавата, кратко го пропржуваме. Ја додаваме варената тиква претходно испасирана. Промешуваме.
3. Во топлата вода ја ставаме пилешката коцка да се раствори, додаваме дел по дел од водата. Го додаваме белото вино. Ги додаваме солта, куркумата и црниот бибер. Промешуваме. Кога оризот ќе ја впие додадената вода, дотураме. Oд видот на оризот зависи и количината на додадена вода. Јас употребив 900 мл вода.
4. Секое парче козјо сирење го ставаме во фолија, врз него додаваме оригано и маслиново масло. Го завиткуваме со фолија од сите страни и печиме во загреана рерна на 200 степени 10 минути.
5. Смоквите ги сецкаме на мали коцки. Во мал длабок сад ги ставаме, додаваме 10 лажици вода и ги ставаме на оган на средна температура да омекнат. Постојано мешаме, кратко ги вариме.
Рижотото со тиква го ставаме во чинија, наросуваме пармезан, ставаме од смоквите и по едно парче козјо сирење претходно испечено.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани