Пченкан зелник со праз
Оваа вкусна пита со праз се подготвува многу лесно и брзо затоа што е со врело тесто.
Најпрво се подготвува филот.
Исчистете го празот и исечкајте го на полукругови и ставте го во тава на оган, додајте го претходно исечканиот домат на коцки и 7 лажици зејтин. Посолете по желба. Откако празот ќе омекне ја тргаме тавата од оган.
Започнуваме со подготовка на тестото. Во сад на оган ја ставме водата да почне да врие. Во друг сад го ставаме брашното, ја додаваме солта и промешуваме да се соединат. Откако водата ќе почне да врие ја тргаме од оган и веднаш почнуваме со подготовка на тестото уште додека е водата врела бидејќи овој зелник се подготвува со врела вода.
Во садот со брашното и солта ја додаваме водата малку по малку и мешаме со дрвена лажица непрекинато додека да добиеме тесто. Тестото се работи уште додека е врело. На набрашнета работна маса од тестото формираме топка и плескаки со раката правиме кора. Кората треба да ви биде за тава бр 40. Краевите на тестото со раката вратете ги малку навнатре како на сликата.Тавата ја намрсуваме со зејтин и го ставаме зелникот во тавата. Потоа со раката израмнете го тестото подеднакво на сите страни. Додајте го претходно подготвениот фил и со лажица израмнете го подеднакво на сите страни па на целата површина со раката посипете пченкано брашно да се прикрие празот. На крај накапете го целиот зелник со зејтин така што да не ви остане суво пченкано брашно, секаде треба да е навлажнето. Јас и ставив малу и вода да не биде се зејтин.
Ставте го во претходно загреана рерна 250С од 20-25 минути. Откако ќе се испече извадете го од рерна па на целата површина истурете ајран и врате во рерна уште 5 минути. Откако ќе биде готов сервирајте уште додека е врел. Малку при сечењето се распаѓа но вкусот е прекрасен.Добар апетит.
Забелешка-се надевам дека и преку сликите ќе разберете како се подготвува овој зелник бидејќи навистина се трудев да направам што повеќе фотографии за да ме разберете
Лиценца: Сите права се задржани
п.с не би рекла дека овој е посна варијанта, ама може и да биде:)
i jas ne bi rekla deka ajranot e posen ama sto vika vale mozi da se napravi i vo posna varijanta