8
мај
2022
Путер соленки
Солени колачиња за прилог за секое мезе, превкусни.
1. Ставете ги сите состојки во вангла и измесете кратко, колку да се спои смесата. Тестото треба да е мазно, еластично, лесно да се ракува со него.
2. Можете да правите разни форми или ако немате време само расучете кора со дебелина од 3-4 мм и со калапчиња исечете го.
3. Пред печење премачкајте ги соленките со јајце и наросете ги со семиња по ваш вкус, кај мене е сусам, црн сусам и ким.
4. Печете на 180 степени, 15-20 минути, во зависност од тоа колку сакате да се испечат, да заруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови