Пура бурек е името на денешниов едноставен, а премногу вкусен рецепт.
Се подготвува за многу кратко време и може да послужи како појадок или добра закуска за со ладно пиво.
Во тава на оган запржете го меленото месо.
Можете да ставите и само свинско месо.
Прво кромидот ситно сецкан,а потоа месото.
Зачинете го и оставете на страна.
Во сад разматете едно јајце.
Тоа ќе служи како лепак, да ги спојува корите.
Отворете ја паковката кори, направете триаголник од кората и на секоја кора, на широкиот дел ставете од меленото месо, како фил.
Останатиот внатрешен дел поминете го со четка намачкана со матеното јајце.
Завиткајте малку од страните, да не паѓа филот, па виткајте кон внатрешноста.
Завитканите пури, пржете ги во врело масло додека не заруменат.
Вадете ги на кујнска хартија да ја впие мрснотијата.
Овие пури можете да ги подготвите и со друг фил.
Пример,компир, сирење...
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови