Најпрво најправете го пирето/филот од тиква. Тиквата се вари со малку вода околу 20 мин додека омекне сосема. Се додава шеќерот да се растопи. Со блендер се мешаат бисквите и пирето. Нека се лади додека ги спремате другите работи.
Првиот слој го правите со мелени бисквити, мелени бадеми, путерот (на собна температура). Додадете сок од портокал да добиете убава смеса. Изрендајте кора од портокал.
Наредете во чашите во кои ќе послужувате.
Потоа направете го пудингот според упатството. Нека се олади 4-5 минути и ставете врз првиот слој. Во пудингот ставете цели бадеми, таман ќе омекнат и ќе дадат убава структура.
Почекајте да се олади и на рај ставете го пирето од тикви.
Ќе ви шепнам тајна, јас не чекав и ми пропадна пирето. Ама вкусот си го имаше исто.
Горе исцедете уште малку сок од портокал, изрендајте чоколадо, кора од портокал, и искршете бадеми.
Почекајте да се олади.
Или не чекајте.
Земете лажица, викнете си ги најблиските и уживанција.
Малку се заиграв со есенската декорација. Ама ми беше ќеф и убаво фотографирање со вкусен десерт.
На здравје.