Проја со тиквичка
Нема никогаш повеќе да направите обична проја од како ќе ја пробате оваа сочна верзија со тиквичка.
5 јајца измутете убаво со миксер (неколку минути), да стане убаво пенливо.
Додадете зејтин пополека. Во длабок сад додадете го брашното, палентата, и пецивото и убаво промешајте пред да додадете во течната смеса. Постепено додавајте го брашното. Кога ќе се соедини смесата, додадете ги изренданите тиквици и промешајте со гумена лажица. Додадете сирење, промешајте. Подгответе плех по желба, јас направив и мафин форма и коцка форма. Плехот премачкајте го со малце зејтин и брашно. Посолете со сусам одозгора. Се пече на 200°С. Време на печење зависи од плехот но секако проверете со чечкалица дали е готово и да биде убава златна боја одозгора. Мафините беа готови окулу 20 минути а коцка плехот окулу 30 минути.
Сервирајте со павлака и уживајте.
За видео рецепта со чекор по чекор постапки, може да најдете на мојата инстаграм страница.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови