
1
фев
2015
Проја со сирење и маслинки
Во длабок сад ги кршиме јајцата и ги матиме со жица.Потоа го додаваме маслото и јогуртот и повторно матиме.Маслинките ситно ги сецкаме а сирењето го дробиме со вилушка.Ги додаваме во садот заедно со двата вида на брашно,пецивото и сол и убаво матиме со жицата додека состојките убаво се соединат.Смесата ја тураме во претходно подмачкана тава ја наросуваме со сусам и печиме околу 45 мин. на 220 степени.На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови