Пржени бубрежиња
Еве еден рецепт кој го немав вкусено од детството.
Мајка ми знаеше да експериментира во кујната додека бевме мали. Можеби затоа имам вишок килограми......
Тоа е долга приказна, затоа да почнам со рецептот.
Во длабок сад ги редиме бубрежињата и ги полеваме со вода колку да ги покрие. Додаваме една лажица сол и една лажица оцет. Оцетот го ставам со цел да ги раскопа состојките кои треба да се исфрлат од бубрезите. Врие убаво околу 20 минути и ја истураме водата. Постапката ја повторувам 4 пати, но без сол и оцет.
Откако ќе бидат добро исчистени т.е. извриени, ги сецкаме на мали парчињаи повторно им полеваме вода колку да ги покрие. Ги ставаме да се варат се додека не испари водата, а потоа се додава маслото, мешаниот зачин и биберот. Пржиме уште 5 минути додека не заруменат. Сервираме по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови