- Тортиљите исечете на ленти, наредете ги во тавка и ставете во рерна да се потпечат до нивната крцкавост или пак едноставно на малку масло испржете ги.
- Наутот кој е сварен повторно залејте го околу 100 мл. вода да проврие, малку осолете го и сочекајте да испари водата (ова за да биде доволно топол). Тргнете од огнот.
- Киселото млеко или јогуртот измешајте со сол, со преса стиснатиот лук, кимот,сокот од лимонот, тахини пастата и малку сол - добро измешајте додека темелно не се соедини. Доколку сметате дека ви е многу густо, со малку вода разредете до од вас саканата густина.
- Во длабок сад ставете рамномерно повеќе од половината од испечените крцкави ленти од тортиљите кршејки ги лентите на помали парчиња, врз нив ставете го тополиот наут, врз него сосот од киселото млеко.
- На сосема малку масло пропржете ги пињолите, со лажица вадете ги и ставете ги одозгора, додадете и сецканиот магдонос.
- Маслото кое ви останало од запржувањето на пињолите повторно загрејте го, ставете малку црвен пипер, по малку распоредете врз сосот од киселото млеко.
- Послужете поставувајки остатокот од потпечените ленти тортиља.

Ова предјадење е популарно на истокот... многу вкусно предјадење (за мене комплетен оброк) кој не бара многу време за подготовка
НАПОМЕНА
- Доколку немате пињоли - совршено се вклопуваат бадемите, слободно ставете од нив, а се мислам пак зошто да не и оревите. Ќе пробам и со нив...
- Доколку сте ваквите вкусови - правете веднаш со удвоени состојки.
- Да кажам дека јас сум ги печела тортиљите, но исто така сум ги и запрживала на малку масло на кое после ги пржам кратко време јатките. За мене и според мој вкус пржени ми се подобри... леле која милина е ова.
- Доколку тахини пастата некој не ја обожава намалете количината, но не ви препорачувам да сосема ја изоставите.
Уживајте.....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани