Пралини со еурокрем
Гледајќи ги сите преубави рецепти за пралини, добив желба да направам и јас некои, по „мое“. Си купив силиконски калап, квалитетна четка за мачкање што не пушта влакна и заедно со децата ги направивме овие едноставни пралини со еурокрем.
Чоколадото се топи на пареа. Калапот се премачкува еднаш со четката и се остава да се стврдне во фриз околу 5 мин. Потоа се мачка уште еднаш и се остава уште 5 мин.
Филот се подготвува така што еурокремот се затоплува малку во сад на рингла и потоа се додаваат мелените бисквити и лешници. Убаво се меша. Се полнат калапите, но се остава малку простор за да се стави повторно топеното чоколадо. Чоколадото го ставав со лажичка, а потоа со четкичката убаво го распоредив. Се оставаат во фриз околу половина час убаво да се стегнат. Се вадат од калапите и спремни се за послужување!
П.С. Јас ги направив со темно чоколадо и светол еурокрем, но можете која комбинција сакате, по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови