Пралини рафаело
Најпрво се обложуваат модлите за пралини. Стопете го чоколадото со зејтинот на пареа, премачкајте ги еднаш модлите, ставете ги во замрзнувач на кратко да се стврднат, а за тоа време подгответе ја смесата за полнење.
1. Се топи маргаринот на слаб оган, откако ќе се стопи се трга од оган и се додава шеќерот во прав.
2. Се додава млекото и кокосот.
3. Искршете ги на ситно бисквитите и додатете ги во целата смеса.
Добро измешајте со рака да добиете хомогена смеса. Потоа оставете ја на страна, да се излади на собна температура.
Извадете ги еднаш премачканите модли,корегирајте ги празнините, премачкајте ги пак и оставете уште 5мин во замрзнувач да се стврднат.
Откако ќе ги извадете, од смесата земајте онолку колку што ви треба, наполнете ги модлите, добро претиснете и прелијте со чоколадото. По желба може внатре да ставете и лешници, ама јас во моментот немав, па ставив печени кикиритки, по една во секоја.
Брзо, лесно, вкусно.
Лиценца: Сите права се задржани