
25
фев
2015
Пралини со слатка павлака и ореви
Драги пријателки, еве уште еден лесен и вкусен рецепт, кој вреди да се проба
Чоколадата се топат на пареа и во нив се додава маслото. За 100гр чоколадо по 3 лажички масло. Потоа калапите се премачкуваат со четка и се оставаат во фрижидер да се стегнат. Постапката се повторува 3 пати.
Слатката павлака се мати со шеќерот во прав. Откако ќе се измати се додаваат ресаните, оревите и кокосот. Добро се промешува и се полнат калапите. Потоа пак се поливаат со чоколадо и се оставаат да се стегнат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови