Прво јајцата ги матиме со шеќерот да побелат.
Го исклучуваме миксерот ги додаваме маслото и овошниот јогурт и промешуваме.
Додаваме брашно, пециво и по желба некоја арома или замрзнато шумско овошје, јас не ставив по желба на дегустатирите.
Ги полниме хартиените кошнички со смесата и печиме околу 15 минути на 200 степени.
За тоа време во еден сад ги соединуваме слатката павлака и чоколадото.
Не смеат да провријаат.
На испечените мафини им ги одстрануваме хартиените кошнички.
Сега изладената ганаш смеса ја матиме со миксер.
Ја ставаме во готварски шприц и ги декорираме мафините.
Ја завршуваме декорацијата со бомбони и мелен бадем.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани