Похувани домати со сусам
Брза, крцкава и вкусна комбинација на похувани домати и кришки леб во сусам, одлично како појадок, а може и како топло предјадење.
1. Доматите се мијат, се бришат, се сечкаат на кругови и потоа се похуваат класично на следниот начин т.е се валкаат по овој редослед
пченкарно брашно - јајце - сусам
2. Извалканите домати се пржат по некоја минута од двете страни на среден оган, внимавајќи да не прегори сусамот.
3. Истата постапка на похување се повторува и со кришките леб (пресечени на пола или цели), кои на овој начин се многу крцкави, па сигурно веднаш ќе им се допаднат на децата.
Количината на продуктите прилагодете си ја според потребите.
Во пченкарното брашно и јајцата ставете си сол по вкус.
За похување овој пат употребив пченкарно брашно наместо обично и сусам наместо презла, крајниот резултат - одличен.
По желба пред валкање излупете ги круговите домати.
Пробајте!
Лиценца: Сите права се задржани