Карфиолот се чисти и се двои на цветови. Се покиснува во ладна вода со сол и се остава 30 минути да одстои. Се цеди и се плакне неколку пати, а потоа се става во подлабок сад се налева со водата, млекото и солта и се вари 5-8 минути. Од како ќе се свари се цеди и се става на салфетка да се одцеди. Секое парче се вала во брашно, па во изматени јајца и пак во брашно и се пржи на врел зејтин.
Може да послужи како гарнир, а исто и како вкусно мезе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани