Ова вкусно мезе, топло предјадење, има убав медитерански вкус, заради користените зачини и нивната комбинација.
Како и сите јадења кои се поховаат, така и ова биено сирење се похова по стандарната постапка.
Јас за поховано сирење користам пченкарно брашно, заради интересниот вкус и крцкавата кора што се создрава при пржењето.

1. Сирењето го сечеме на подебели парчиња.
2. Во еден сад се става брашното и се меша со зачините.
3. Сирењето прво се валка во зачинето брашно, па во јајце и на крај во презла-лебни трошки.
4. Се пржи во длабок сад со поголема количина на загреано масло. Кога ќе зарумени и фати коричка, готово е пржењето.

Едноставно за подготовка, брзо и лесно!
Одлично оди во комбинација со пиво и со друго поховани мезиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови