Подготовка 
Го подготвуваме полнењето за лебот.
Кромидот го сецкаме ситно и попржуваме малку на масло. Пиперката ја сецкаме на кратки и тенки лентички и додаваме кај кромидот го додаваме и сецканото лукче попржуваме кратко.
Го додаваме стекот претходно исецкан на ситни парчиња го динстаме заедно со зеленчукот, посолуваме со зачини по вкус.
Ја додаваме водата динстаме колку да промешаме еднаш и тргаме на страна да се подизлади.

Го земеме лебот го сечеме горниот дел и го чуваме, ќе ни служи како капак.
Од долниот дел ја вадиме средината, но да остане околу два сантиметри околу страните и долниот дел.

Во поизладеното полнење додаваме половина од кашкавалот изрендан промешуваме заедно и го полниме лебот. Кога е полн лебот израмнуваме и одозгора ја додаваме другата половина од кашкавалот. Го земаме горниот дел од лебот ја острануваме средината од него ако има за да можеме да поклопиме. Така подготвен ставаме во тава и во загреана рерна на 200степени околу15 -20 минути
Готов го вадиме од рерна, веднаш отклопуваме и оставаме да се подизлади. Додека е топол лебот благо со четка или рака го премачкуваме малку со вода.
Можеме да го конзумираме додека е потопол, но вкусен е и кога ќе се излади.
Ова количина е помала. За повеќе лица можете да ја зголемите количината на полнење како и големината на лебот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови