Пиперките се мијат, им се вади семето, а делот со рачка се остава за затворање на наполнетите пиперки.
Солената изварка се меша со јајцата и црвениот патлиџан, излупен и исечен на коцки.
Се полнат пиперките со фил. Се затвораат со рачката.
Се обвиткуваат во две ленти сланина.
Се редат на намрсена хартија за печење во огноотпорен сад.
Се попрскуваат малку со масло.
Се потпекуваат во загреана рерна на 200 степени додека убаво поруменат, околу 30-40 мин..
На здравје!
*Може да се пржат или печат на скара.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани