Си добив на поклон силиконски калапчиња и мораше одма да се стават во употреба. Силиконските садови се како измислени за рецепти без масло.

1. Во еден сад ставете го кокосовото млеко и лажицата лимон и оставете 4-5 мин. (Импровизираме јогурт). Во друг помал сад ставете го лененото семе со 2 лажици вода и исто оставете 4-5 мин. (импровизираме јајце) =)

2. Во садот со млекото додадете ја водата и лененото семе и промешајте. Додадете ја палентата, пецивото, солта и шеќерот и промешајте повторно. Постепено додавајте го брашното. Количината на брашно може минимално да варира (1-2 лажици плус/минус). Треба да се добие густа смеса налик на проја. На крај вмешајте ги ренданиот морков и ренданите краставички.

3. Наполнете ги калапчињата скоро до горе и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 220С. Кога ќе ги ставите намалете на 190С. Печете 20-25мин. (проверете со чепкалка).
Послужете додека се топли.

Добар апетит =)

* Чашата е од 200мл.
* Во зависност колкави се калапчињата и колку ќе ги наполните може да ви излезат и до 12 мафини. Од оваа смеса мене ми излегоа 9 со таа големина на сликата.
* Место кокосово млеко може да користите оризово, бадемово, соино или само вода. Кокосовото млеко дава малку побогат вкус и поубава текстура ... сепак мафиниве се скроз посни па мора малку да ги збогатиме =)))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани