Посни ванила крофнички (со пудинг)
Превкусни мини крофнички, кои по составот се посни, па можете да ги искористите за превкусен појадок во посните денови кои престојат пред нас. Секако, доколку не постите, може да ги замесите со млеко, наместо со вода.
Подготовка
1. Во длабок сад ја ставаме водата, квасецот, шеќерот и ванилите. Мешаме да се растворат состојките. Сега ги додаваме маслото, румот, прашокот за пудинг, кората од лимонот, промешуваме. На крај го додаваме постепено брашното до замесување на фино меко тесто.
2. Тестото го покриваме со крпа, садот го ставаме во ќесе и го оставаме на топло место да стаса (околу 45 минути).
3. Сега на набрашнета работна маса од тестото расукуваме кора, и вадиме кругчиња со чаша (големина по избор) јас повеќето ги направив малечки.
4. Крофничките ги ставаме врз некое чаршафче, ги покриваме и ги оставаме да одморат 15- минути.
5. Потоа во тенџере ставаме масло во поголема количина, го загреваме на средна температура. Ги пржиме крофничките на следниот начин - ги ставаме да се пржат со долната страна да биде свртена нагоре, покриваме со капак, нека поруменат, па ги вртиме од другата страна да се допржат. Сега не поклопуваме со капакот.
6. Испржените крофнички ги вадиме врз хартиена салфета да ја упијат вишокот на мрснотија. Одозгора наросуваме шеќер во прав, и послужуваме веднаш. За поинтензивен вкус на ванила, јас додадов и ванилин шеќер, кој го ставив во машинче за мелење кафе заедно со прав шеќерот, за да се соединат убаво.
Забелешка - Од наведената доза испаѓаат многу крофнички, јас најчесто правам пола доза, вие според потребата.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани