Во сад за матење додадете ги брашното, прашокот за пециво и солта, размешајте ги со лажица. Потоа додадете го млекото и повторно размешајте додека смесата не стане хомогена. Накрај додадете ги шеќерот и аромата и повторно размешајте.
Во тава за палачинки на тивок оган додавајте по две лажици од смесата, печете ја неколку минути или додека на површината не се појават меурчиња, потоа со помош на спатола префрлете ја палачинката од другата страна и оставете ја да се печи додека не зарумени. Печете една по една палачинка.
Од дозава излегуваат 8-9 палачинки.

ПРЕПОРАКИ
Можете да ги чувате во фрижидер до два дена, но јас ви препорачувам да ги јадете додека се топли.
Млекото од бадеми можете да го замените со било какво млеко во иста количина.
Исто и црното брашно можете да го замените со бело брашно, само додадете 10 гр. повеќе за да не ви е многу ретка смесата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани