Ова е најубавата посна торта што сум ја пробала досега. Во ништо не личи на посна, ни во изглед ни во вкус. Специфичната арома на ореви и таан, измешани со вкусовите на чоколадо и крцкав грилијаж, создаваат вистинска експлозија на сензации кога ќе ја пробате. Иако на прв поглед делува комплицирана, долга и со многу редење, воопшто не е така. Јас ја направив за отприлика 1 и пол саат и уживав во правењето.
Големина на чашата е 250 мл. Состојките се дадени онака како што последователно се нанесуваат.

За пандишпан

Состојките се мешаат со лажица и смесата се истура во плех обложен со хартија за печење. Се пече 15тина минути на 200 степени и откако ќе подолади, се отстранува хартијата за печење и се дели на 3 еднакви ленти.

Грилијаж

Растопете го шеќерот, додадете го маргаринот и откако ќе добие жолтеникава боја и ќе карамелизира, веднаш нанесете го на трите ленти пандишпан додека е сеуште во течна состојба зашто многу брзо се стврднува.

Чоколаден прелив

Растопете го чоколадото заедно со маргаринот да биде смесата без грутки и нанесете го врз лентите пандишпан претходно прелиени со грилијажот.

Фил

Растопете ги на средна температура сите состојки заедно, убаво измешајте да нема грутки и оставете да се олади. Најдобро е прво да се приготви филот затоа што му треба повеќе време за ладење. Сите 3 ленти се премачкуваат со филот со тоа што за последната се остава малку повеќе за да може да се покријат страните на тортата.

Шлаг

Пригответе го шлагот според упатството и нанесете на првите две ленти и спојте ја тортата. Последната кора декорирајте ја со шлаг по желба.

Објаснување-редењето на тортата е по следен редослед
пандишпан
грилијаж
чоколаден прелив
фил
шлаг

Среќни празници!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови