Ролат од обланда со туна фил (посно, без печење)
Листот обланда ставете го помеѓу влажни кујнски крпи да омекне.
На страна во сад почнете да го спремате филот со кој ќе ги премачкаме обландите.
Маргаринот изматете го пенесто. Конзервата тунаотворете ја,па процедете ја добро.
Додадете ја во маргаринот и промешајте ја со шпатула.
Киселите краставички исецкајте ги на мали коцкички и тие додадете ги.
Промешајте и зачинете.
Во касерола на оган пропржете го сусамот, нека добие златеста боја.
Префрлете го во останатиот фил и кога сите состојки ќе ги помешате филот е готов.
Извадете ја обландата и ставете ја на рамна површина.
Премчкајте ја со фил врз рапавата страна.
Завиткајте ролат со нежно притиснувате при виткањето.
Ставете го во фолија и во ладилник.
Нека стои таму се до служењето. Пред да служите исецкајте на парчиња со дебелина околу еден прст.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Го препорачувам на сите кои сакаат туна.