Колач со овесни снегулки и вишни (посно)
1. Во сад го ставаме чиа семето со 3те лажици вода, го оставаме да стои 15тина минути.
2. Овесните снегулки ги ставаме во блендер, кратко да се изблендираат на помали делови.
3. Оревите ги ставаме во блендер и нив ги блендираме на помали делови
4. Во длабок сад ги ставаме овесните снегулки, оревите, вишните, какаото и пецивото промешуваме.
5. Во садот ги додаваме чиа семето, кокосовото масло, медот, маџунот и водата. Промешуваме.
6. Смесата ја ставаме во округло силиконско калапче. Одозгора украсуваме со вишни и ореви. Печиме на 180 степени 35 минути.
• Јас користев замрзнати вишни. Ги оставив да се одмрзнат, пред да ги ставам во колачот.
• Доколку не постите водата може да ја замените со млеко.
Лиценца: Сите права се задржани