Зелник со кромид, компири и печурки (посно)
Посно зелниче без масло добредојдено во денови на пост, а ако не постите направете го со масло.
Најпрво зафатете го квасецот и оставете го да надојди.
Откако ќе надојди додадете го брашното, солта и водата додавајте ја постепено (количината на вода е произволна,ставете онолку колку што е потребно за да добиете меко тесто).
Оставете го тестото пак да надојди,а во меѓувреме направете го филот.
Кромидот ситно исецкјате го и динстајте ги со вода на тивок оган.Додадете ги и компирите и тие сецкани на ситни коцки. Динстајте се додека не омекнат. Потоа додадете ги печурките и зачините.
Тестото поделете го на два дела. Поголемиот дел исучете го со сукало и ставете го во тркалезно тавче кое сме го наросиле со брашно.
Над првата кора го ставаме филот и над него другото тесто кое сме го исукале во кора. Оставаме пак да надојди околу 20 минути и го печиме на 190 степени околу 30 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови