1. Бисквитите се мелат на ситно, маргаринот што е за во бисквитите се растопува и се додава.
2. Од смесата со бисквити се прави основата и малку од страниците на тавичка во која што има поставено хартија за печење, алуминиумска фолија или нешто друго што ќе дозволи лесно вадење на пајот.
3. Бананите се сечат на кругови и им се додава сокот од лимон кој нема да дозволи бананите да потемнат.
4. Во сад на оган се загреваат 2/3 од кокосовото млеко заедно со шеќерот, а во останатата 1/3 се раствора пудингот.
5. Пудингот се додава во загреаното млеко и се меша постојано за да не се формираат грутчиња.
6. Во готовиот пудинг се додаваат белото чоколадо и маргаринот и се меша додека се растопат.
7. Бананите се подредуваат врз основата и врз нив се додава врелиот пудинг.
8. Се остава убаво да се олади.
9. Шлагот се мати со газираната вода и се додава врз целосно оладениот пудинг.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови