Помфрит од рерна
Компирити излупете ги и исечете ги на стапчиња. Нека не бидат многу дебели а нека не бидат ни многу слаби. Дебели колку малиот прст и помалку, колку за пофрит де.
Посолете ги и наросете мешан сув зачин на голем плех-во овој случај плех од рерна. На плехот ставете масло и размачкајте го насекаде. Ставете и компиритие да нема едно над едно. Попрскајте насекаде масло. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 300 степни.печете додека ја променат бојата односно кога ќе почнат да имааат жолта боја.
Извадете ги и служете ги топли. Одлично одат со кечап, мајонез, павлака или некој сос. Ако ги оставите да се изладат нема да бидат многу вкусни....
Вака повеќе се исплатува да ги правите-отколку да ги пржите во големо количество на масло-кое е не здраво. И да ги правите една по една тура, тука сите компири наеднаш и готови се за 30 тина минути....
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ова ми изгледа повеќе од супер,а идејата одлична,што ќе стоиш над тава....вака по кратка постапка,сите задоволни