1. Се сечат корнетите на половина. Ако тешко ви оди со нож, потопете ги 20тина секунди во топла вода до онаму каде што сакате да ги пресечете, така ќе ви се олесни работата.
2. Растопете го чоколадото на пареа, переците скршете ги на пола (тие ќе послужат како рачка на корнетот), а дуплите колачиња одделете ги едно од друго.
3. Лепењето на чашата е следно
Се става поделеното колаче како основа на чашата, се мачка долниот дел на одделената корнета со чоколада, се лепи на колачето и се остава во фрижидер 5 мин добро да се излади
4. Откако добро ќе се стегне, се обележува со две точки чоколада каде да стои рачката, перекот се натопува во чоколадо (цел или само делот за лепење) и се држи неколку минути да се зацврсти добро.
4. Внатрешноста на корнетот се полни со 1 лажичка од растопената чоколада, па откако ќе се излади се полни со саканиот фил-сладолед, пудинг. Декорирајте со чоколаден прелив

Ужвајте во малото задоволство.

Совет
Основата на чашата може да ја направете и од чоколадо (јас така направив кога ми снема од дуплите колачиња).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани