Полнети пиперки на мој начин
Омиленото јадење на синко, кое обавезно еднаш а некогаш и двапати неделно го имаме на нашата трпеза.
Инаку сигурна сум дека ова наше традиционално јадење го правиме сите, но секогаш некоја на некој поинаков начин.
Пиперките и доматите се од нашата, односно градината на мојата мајка и во секој момент овој период имаме свежи.
Најпрво ги чистиме пиперките од шишките и семките. Во меѓувреме на тава на оган го запржуваме кромидот, го додаваме месото, зачините и го пржиме. При крајот го додаваме оризот и пиперот.
Секоја пиперка ја полниме со смесата и ја поклопуваме со парче црвен патлиџан.
Така наполнетите пиперки, ги ставаме во преубавата тава од Делимано.
Во тава ставаме масло неколку лажици брашно и некое време го пржиме маслото. Кога ќе порумени брашното додаваме повторно 1-2 лажици црвен пипер, малку промешуваме и внимаваме да не ни се направат грутчиња. Ја тргаме тавата на страна, додаваме вода и така ја налеваме течноста, односно запршката во тавата.
Ја дополнуваме тавата каде што се пиперките со вода и ги ставаме во загреана рерна да се готват околу 1 час.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови