Полнети компири со свежи шампињони, праз и колбаси
Прво , скоро исти по големина компири ги лупиме, ги сечиме на половина , миеме , налеваме вода, малку сол и ги вариме околу 8-10 минути.
Не смеат да се преварат, туку да останат цврсти, малку живи. Потоа под млаз ладна вода ги миеме. Со помош на алатка им ја одстрануваме средината. На загреано маслиново масло го пржиме сецканиот праз, па ги додаваме свежите сецкани шампињони,пржиме додека испари сокот од шампињоните, па го додаваме сецканиот димен колбас. Пржиме кратко, додаваме зачини. Тргаме од оган. Оставаме малку да се излади смесата, па ја додаваме срцевината што сме ја извадиле само од два компири.( по желба може да се додаде и цел компир кој е останат)
Ја додаваме киселата павлака.соединуваме. Со оваа смеса ги полниме вдлабнатините на компирите. Ставаме во загреана релна и печиме одприлика од 25-30 минути. Пред крај ја вадиме тавата од рерна, посипуваме врз нив рендана гауда и враќаме во релна уште 7-8 минути.
Наросуваме свеж магдонос и го послужуваме ова исклучително вкусно топло предјадење.