Подготовка

1. Од состојките за тесто замесете средно меко тесто. Покријте и оставете да стасува 1 час.
2. Во тава, на оган, ставете малку маслиново масло и додајте ги цветчињата брокула. Откако ќе почнат да се запржуваат додајте 2-3 лажици вода и на тивок оган оставете ги, додека водата испари (доволно е 5-7 минути, не треба да биде многу омекната).
3. Стасаното тесто поделете го на два еднакви дела. Расукајте го едниот дел од тестото во кора и префрлете ја во плех. На кората нардете ја брокулата и моцарелата исечена на парчиња. Расукајте кора и од другиот дел тесто и нанесете ја врз полнењето.
4. Затворете ја убаво фокачата, премачкајте со разматена жолчка и избоцкајте ја со вилушка по целата површина. Оставете да стасува 20 минути, додека се загрева рерната.  Печете на 200 степени, 20 минути.

*Забелешка - За ваков вид на пецива, кои се полнети, најдобро е да се користи моцарела за пица, бидејќи дирекно се топи и не пушта вода. Ако се користи обична треба многу убаво да се исуши, за да не пушти вода во тестото при печењето.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани